Во Србија од последиците на коронавирус починаа 29 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Според последните податоци, во Србија се потврдени уште 2.145 случаи на коронавирус, а 29 лица починале.

На болничко лекување се наоѓаат 5.146 лица, а 171 пациент е на респиратор.

Во последните 24 часа 13.688 граѓани биле тестирани на коронавирус во Србија, од кои 2.145 биле позитивни.

Од почетокот на епидемијата во Србија, досега се потврдени 683.799 заболени, а тестирани се 3.800.708 лица.

Епидемијата на коронавирус однесе 6.286 животи, а стапката на смртност е 0,92 проценти.

Слични содржини