Во Србија уште 8 жртви на коронавирусот

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа во Србија починаа осум лица како резултат на инфекција со коронавирус, така што вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 598.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.168 лица, од кои 258 биле позитивни на инфекцијата.

3.554 пациенти се хоспитализирани, а 146 од нив се на респиратори.

Од почетокот на епидемијата се спроведени 693.656 тестови, а вкупниот број заразени е 26.451.

Слични содржини