Во тек се разговори со актерите, „Пријатели“ се враќаат

Шестмината главни актери и креаторите на хит комедијата „Пријатели“ се во преговори да се вратат на малите екрани на каналот на HBO, пишува The Hollywoon Reporter.

Гласините за тоа главните актери Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кадроу, Мет ле Бланк, Метју Пери и Давид Швимер да се вратат заедно и да направат уште една серија, специјал или филм, со години се појавуваат и најчесто секогаш се отповикуваат. Сега постојат извори кои потврдуваат дека во тек се разговорите со главните актери, заедно со креаторите на серијалот.

Договорот е уште далеку од постигнат и договорите со актерите и креативците тек треба да бидат постигнати. Разговорите се ветувачки со оглед на тоа дека Анистон неодамна рекла дека работи на нешто со своите поранешни колеги. Пери и Кокс исто така неодамна споделија заедничка фотографија.

Серијата „Пријатели“ својата премиера ја имаше на NBC на 22 септември 1994 година, а со текот на времето стана една од најуспешните и најпопуларни серии во ТВ историјата.

Популарната „дружина“ составена од Фиби, Рос, Џои, Монија, Чендлер и Рејчел ги забавуваше гледачите цели 236 епизоди.

Слични содржини