Во текот на само една ноќ во Виена нападнати седум полицајци

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на само една ноќ, меѓу сабота и недела, имаше неколку напади врз полицајци во Виена, во кои беа повредени седум службеници за спроведување на законот.

Така, полски државјанин, при сообраќајна контрола, одбил алкотест, при што повредил полицаец.

Полицијата го уапси и поднесе неколку пријави, а подоцна беше откриено дека има 1,38 промили алкохол во крвта.

Во друга интервенција, по повод расправија во 16-та општина Виена, австриски државјанин удрил со тупаница полицаец.

Српски државјанин учествувал во третиот напад и повредил чувари на редот.

27-годишникот нападнал вкупно тројца чувари на редот во 21-та општина на Виена, кои едвај го уапсиле.

При контролата на идентитетот на еден маж, кој со себе имал лажен документ, биле повредени неколку полицајци.

Тој се обидел да избега, а кога се обиделе да го запрат, дал силен отпор и повредил двајца полицајци.

Од вкупно седум повредени полицајци, тројца морале да заминат на боледување поради повредите.

Слични содржини