Водопад – облакодер : Кинезите први се осмелија да го направат

од desk2

Кина доминира во архитектурата со необичните градби, така што воопшто не изненадува што Kинезите се први кои се осмелија да изградат облакодер со водопад што извира од неговата фасада.

Модерниот облакодер Liebian International Plaza е висок 121 метри и во него има хотел, трговски центар и деловни простории. Водопадот е висок 108 метри. За жал водопадот не може да се види секојдневно освен во посебни прилики.

Подготовката за него трае два часа, а откако ќе биде пуштен ја зголемува сметката за струја за околу 120 долари за „шоу“ од еден час, пишува CNN. Станува збор за уникатна градба која го има еден од најголемите вештачки водопади кој истовремено претставува највисок како дел од објект.

Слични содржини