Волф: Ќе му дадеме време на Макс да размисли

од Симе Стоиков

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека тимот ќе му даде време на актуелниот светски шампион Макс Верстапен да одлучи за својата иднина во Формула 1.

Тимот на Ред Бул е погоден од скандал откако колешка го обвини директорот на тимот Кристијан Хорнер за несоодветно однесување. Компанијата ја одби тужбата и ја суспендираше жената, а во текот на целата ситуација Јос Верстапен, таткото на холандскиот возач побара промени во тимот.

Мерцедес мора да најде возач за 2025 година, бидејќи седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон одлучи да се пресели во Ферари. Се шпекулираше дека Мерцедес ќе се обиде да го ангажира Верстапен, кој во четвртокот изјави дека има намера да остане во Ред Бул до крајот на договорот во 2028 година.

Запрашан за кого ќе вози Верстапен следната година, Волф изјави за Скај: „Да знаев…“.

„Макс е во најбрзиот болид и тоа е она што возачот секогаш ќе го бара. Мислам дека тоа е поттик за него да размислува за други опции бидејќи има одредено двоумење во неговиот тим. Мислам дека треба да му дадеме време да размисли на кој начин сака да ја уреди својата иднина, без ние да ја туркаме“, рече Волф.

Верстапен во четвртокот беше прашан во Мелбурн дали во иднина ќе потпише за Мерцедес.

„Не знам. Не знам што ќе се случи по 2028 година. Не знам дали ќе останам во Формула 1“, изјави Верстапен.

Слични содржини