Воз влетал во автомобил во Тетово, двајца повредени

од Nikola Popovski

Нешто по 18 часот возот што сообраќал на релација Скопје-Кичево, на влезот во Тетово удрил во Автомобил марка “Цитроен“ со тетовски таблички.

Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Повредените се надвор од животна опасност.

Како што објавија дел од медиумите, жителите на овој дел од градот ќе излезат на протест бидејќи преминот е без никаква заштита.

Слични содржини