Вознемирувачка снимка: Американски полицаец испукал 11 куршуми кон момче со посебни потреби

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Америка рани момче (13) со посебни потреби кон кое биле испукани дури 11 куршуми. Момчето преживеа, но е тешко рането, со повреди на коските и внатрешните органи.

Момчето Линден Камерон од Солт Лејк Сити, кое страда од Аспергеров синдром, вид на аутизам, е рането откако неговата мајка повикала полиција да ѝ помогне, бидејќи Линден доживеал нервен слом и не можел да се контролира, пренесоа американските медиуми

Мајката на Линден, Голда Бартон, во пријавата до полицијата кажала дека момчето има пиштол, најверојатно воздушен пиштол и дека тој ден се заканувал дека ќе пука во нејзин колега и ќе ги скрши прозорците во куќата.

Таа исто така додала дека момчето се плаши од униформирани лица и дека се чувствува прогонуван веднаш штом ги види. Таа објасни дека Линден смета дека униформираните лица ќе го убијат.

На снимките, објавени денес според законите на американската сојузна држава Јута, се гледа како полицаец го брка Линдон во мракот.

Потоа го повикува момчето да легне на земја, а потоа се слушаат 11 истрели.

Момчето е рането и се уште е во болница две недели по инцидентот.

Полицијата во Солт Лејк Сити објави дека истрагата за овој случај е во тек и дека обвинителството е вклучено во неа.

Слични содржини