Вратен во функција Блок 2 на РЕК Битола

од Nikola Popovski

Откако беше исклучен од мрежа Блок 3 заради дефект на цевка во котелот, во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола. Постројката вчера беше синхронизирана со електроенергетскиот систем во 15:55 часот. Подготвен за работа е и Блок 1 на РЕК Битола. Ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите на електрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Од компанијата нагласуваат дека овој период ЕСМ ги задоволува потребите од електрична енергија на потрошувачите од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои овозможуваат на компанијата намалување на трошоците на работа.

За потсетување, од 9 ноември до 16 декември 2023 година и од 1 февруари до 24 февруари годинава, РЕК Битола работеше со сиот свој капацитет, со сите три блока на мрежа-стои во соопштението.

Слични содржини