Врховниот суд ги одби жалбите за пресудите за „Монструм“

од Nikola Popovski

Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм”, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост.

Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога животот го загубија четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, како и 45-годишен рибар од селото Црешево.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење. Во март 2018 година случајот го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Судот смета дека бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се виновни за тероризам и ги осуди на казни доживотен затвор, а иста казна доби и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Хаки Азири е осуден за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело, за што доби единствена казна во траење од 9 години. Фејзи Аризи, пак, е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор. Судот го офрли обвинението за Сами Љута. Ова е пресудата којашто ја донесе Кривичниот суд во повторениот судски процес за случајот „Монструм“.

Слични содржини