Врховниот суд на САД: Трамп не го прекрши Првиот амандман на Твитер

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот суд на САД денеска ја поништи одлуката на Федералниот апелационен суд, со која се утврди дека поранешниот претседател Доналд Трамп го прекршил Уставот блокирајќи ги неговите критичари на Твитер, пренесе CNBC.

Судиите ја поништија одлуката на Вториот апелационен суд и го испратија предметот до понискиот суд со упатства да го отфрлат случајот како дискутабилен или неактивен, имајќи предвид дека Трамп сега е приватно лице.

Советот од тројца судии на Вториот окружен суд заклучи во 2019 година дека Трамп постапил по службена должност, но со тоа, Трамп исклучи лица од јавниот форум блокирајќи ги критичарите, прекршувајќи го првиот амандман.

Твитер профилот на Трамп беше блокиран на неодредено време по немирите на Капитол Хил на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во Конгресот, а во таа прилика беа убиени пет лица.

Управата на Твитер тогаш оцени дека Трамп ги прекршил правилата на таа социјална мрежа.

Слични содржини