Вучиќ ќе ја разгледа опцијата да оди во Тирана, Вархеји вели: „Ни треба Србија“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за промена на одлуката да не патува во Тирана, на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, поради одлуката на Приштина да го именува Ненад Рашиќ за министер за Заедниците и враќањето во Косово и реакциите на ЕУ на таа одлука.

„Во врска со таа дискусија, Оливер Вархеји ми рече дека разговарал со Ана Брнабиќ, таа ми рече дека ЕУ мисли дека е многу важно Србија да биде застапувана во Тирана“, рече Вучиќ на прес-конференција во Белград по разговорот со еврокомесарот.

Рече дека тој лично „не ја гледа поентата“.

„Но, јас сум подготвен да сослушам. Ана смета дека е важно да се биде во Тирана. Му реков на Вархеји дека не е прашање на мојата суета и нешто што сум го кажал, немам проблем уште еднаш да ја разгледам таа одлука, да ја поништам ако видам дека има шанса да кажеме нешто“, рече тој.

Како што вели, ставот на српската премиерка и на Вархеји е: „Подобро е да се биде присутен и да се каже се“.

Вархеји: Ни треба присуството на Србија во Тирана

Еврокомесарот Вархеји на конференцијата рече дека Европа е „на клучен, ако не и критичен, крстопат“.

„Претходните месеци покажаа дека процесот на проширување на ЕУ привлекува внимание, но гледаме и голема геополитичка дестабилизација на нашиот континент. Сега ние сме одговорни за исполнување на очекувањата и одржување на моментумот, бидејќи процесот на проширување е еден од трите главни приоритети на лидерите на ЕУ“, рече тој.

И токму тоа е причината, како што рече, поради која самитот се одржува во Тирана.

„Каде што нашите лидери ќе дојдат во регионот за првпат, неопходно е сите да се вклучат, а нам ни треба и Србија да биде на маса, а нам ни треба лидерот на Србија да седне на маса“, рече тој.

Тоа, додава, е многу важно.

„Не треба да ви кажам колку е важно вниманието на јавноста сега кога се во прашање односите меѓу ЕУ и Србија и политиката за проширување. Ситуацијата со Украина покажа дека единственото вистинско долгорочно решение за мир и просперитет е членството во ЕУ. Имаме три земји кои веднаш по руската агресија решија да аплицираат за членство“, рече тој.

Вархеји рече дека мора да работиме заедно на „долгорочните и стратешки односи“.

Слични содржини