Вучиќ: Србија ќе добие ултиматум – да го признае Косово, па ќе влезе во ЕУ

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ откри дека Србија оваа година ќе се соочи со ултиматум за прашањето за Косово, да го признаат Косово во замена за гаранција за влез во ЕУ и посебен статус за Србите на Косово.

„Уверен сум дека до крајот на годината ќе добиеме нешто што тешко дека ќе може да го одбиеме, но нема да можеме ниту да го прифатиме“, изјави Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва, како и дека предлогот ќе биде планот на Ахтисари „плус, плус“, ќе се обидат да кажат дека Србија добива гаранции за влез во ЕУ, но дека мора да го признае Косово, и ќе добие посебен статус за Србите.

„Сигурно пред нас ќе биде ставен ултиматум. Ќе ни дадат гаранции за влез во ЕУ, а да го признаеме Косово. Но сосема е сигурно дека никогаш не сум прифаќал ултиматуми, како што е сигурно дека ќе настојувам да најдам најдобро решение за српскиот народ, но и да не ја загрозиме мирот и стабилноста и да не ја воведеме Србија во војна“, истакна претседателот на Србија.

Слични содржини