Вучиќ: Средбата со Курти беше жестока, ги бранев интересите на Србија

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави вечерва во Минхен дека не гледа можност на постигнување на компромис со Приштина во текот на оваа година, а за најавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за постигнување на финалната спогодба до крај на годината истакна дека тоа се „нивни игри“ во кои не сака да влегува.

-Не гледам како тоа би можело да се реши, но би сакал да ја видам можноста за компромис, изјави Вучиќ за РТС по средбата за безбедност на Балканот на кој учествувал заедно со новиот премиер на Косово, Албин Курти.

Вучиќ коментирајќи ги денешните активности рече дека било жестоко, но дека се борел за интересите на српскиот народ и дека е горд што ја зборел вистината.

Слични содржини