Вучиќ за новите вакцини: Богатите сакаат да не остават да потонеме (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку својот Инстаграм профил им се обрати на граѓаните и објави дека Србија утрово примила нови 10.000 нови вакцини.

Вучиќ ја спореди моменталната состојба во светот и борбата за вакцините против коронавирусите со Титаник.

„Од раните зори борба за вакцини, за секоја вакцина, за секој граѓанин на нашата Србија. Многу состаноци, многу тешки разговори. Светот денес е како Титаник, богатите се обидоа да обезбедат чамци за спасување само за себе. Богати и големи, а да не остави сите нас без ништо, да потонеме заедно со Титаник. Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Затоа сакам да ве известам дека добивме утрово, имаме уште 10.000 нови вакцини тука во Белград и ќе успееме и ќе победиме заедно“, рече претседателот.

Слични содржини