Вучиќ: Ќе ја разоружаме Србија, побарав враќање на смртната казна

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по масакрот во Младеновац, каде убиецот (21) изврши злосторство во кое загинаа осум лица, а 14 беа ранети. Тој рече дека во следните 15 дена ќе биде зголемено присуството на полицијата на улиците и дека во наредниот период во секое училиште ќе има по еден полицаец.

Вучиќ нагласи дека нема да има вонредна состојба и дека ѝ предложил на премиерката Ана Брнабиќ да се воведе смртна казна, но таа одбила.

После тоа Вучиќ најави какви мерки ќе бидат преземени.

„Има неколку нови мерки: Во наредниот период ќе примиме нови полицајци, ќе испратиме 1.000 полицајци да бидат во училиштата, додека за една година не го достигнеме нивото каде што постојано се на училиште. Не само што ќе постигнеме безбедност, туку ќе го намалиме насилството од врсниците во училиштата за 80 проценти. Тоа е голема работа“, рече тој и додаде:

„Во Белград ќе има 331 полицаец, ќе седат во училиштата, а во наредниот период ќе има повеќе. Донесовме значително дополнување на оние мерки што беа објавени вчера. Вечерашниот напад беше терористички напад, каде САЈ имаше задача да уапси или неутрализира терорист. Негативецот беше уапсен и никогаш повеќе нема да ја види светлината на денот. Нема да излезе од затвор. Владата ќе донесе заклучок со кој ќе му наложи на МВР итно и без процедури да подготви измени и подготовки на Законот за муниција со кој ќе се заострат условите за носење оружје. Да преведеме – сите луѓе што имаат оружје, тоа се околу 400.000 луѓе, ќе бидат подложени на ревизија. Ќе извршиме целосно разоружување на Србија. Казните ќе бидат толку големи за нелегалното оружје, па да видиме како ќе го направите тоа што се случи вчера“, рече тој и додаде дека ќе се заострат и условите за употреба на ловечко оружје.

Слични содржини