Вулин: Обидот да се создаде „Голема Албанија“ не може да заврши без големо зло

од Vladimir Zorba

Обидот да се создаде „Голема Албанија“ не може да влијае само врз Србија, туку ќе се одрази и на Северна Македонија и Црна Гора. Тоа е нешто што не може да се заврши без големо зло.

Ова го изјави министерот за одбрана, Александар Вулин, во утринската програма на телевизијата „Пинк“, кога беше запрашан да коментира што ни кажува Приштина со одлука на претседателот на Косово, Хашим Тачи да воведе ново одликување што ќе го носи името на Адем Демачи, како и ново видео на албанските пропагандисти со мапи на „Голема Албанија“, во кое има и делови од државава.

– Србија не го прави ова, Србија не бара нечија територија. И повторно молк на меѓународната заедница. Тоа е она што ме плаши. Ова се старите планови на шиптарите, секогаш било така, знаеме како да се справиме со тоа. Но, кога меѓународната заедница молчи, а нејзината уста е полна со мир, помирување, договор, гледање кон иднината. И што е ова? Дали е ова иднината која треба да ја гледаме? Дали „Голема Албанија“ е иднината со која треба да се помириме? Дали е тоа голема перспектива што е пред нас, да се направи „Голема Албанија?“, го праша министерот Вулин.

Слични содржини