Зајкова до Пренџов: Седевте со Пенов на маса и го квалификувавте за најдобар градоначалник

од Nikola Popovski

Очекував повеќе да говорите за работата и делата на Пенов. Одамна седевте заедно на маса и го квалификувавте за најдобар градоначалник. Очекувам да дадете негова поддршка за нов министер за локална самоуправа, му порача пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на собраниската седница за изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа.

Зајкова пред пратениците ги наведе проектите во главниот град на поранешниот градоначалник и порача дека Пенов е татко на функционалноста на Скопје.

-Пред да кажувате дека некој уназадувал и распродавал, треба да ги погледнете неговите проекти и не треба да се молчи. Освен граѓаните, политичарите не треба да говорат за Пенов со епитети, рече Зајкова од собраниската говорница.

Слични содржини