За прв пат во последните 15 години, 87,02% од произведената електрична енергија во јануари е домашна

од Vladimir Zorba

За прв пат во последните 15 години, во месец јануари 2023 година од потребната електрична енергија 87,02% е домашна енергија, а 12,98% од увоз.

Вообичаено на годишно ниво увозот изнесувал околу 30%.

Претходно, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски изјави дека домаќинствата за 14 проценти ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од Електродистрибуција.

Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 гигавати или 349 830 666 киловат часови, додека истиот месец минатата година биле потрошени 408 гигават часови електрична енергија.

Слични содржини