За три дена десет починати и 1233 новозаразени со коронавирус

од Nikola Popovski

Од направени 3.561 тест, регистрирани се 1.233 нови случаи на коронавирус во земјава, информираат од Министерството за здравство за состојбата со болеста во последните 3 дена (од 06.08 до 08.08.2022).

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 284 реинфекции. Регистрирани сe и 1.450 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје – четири починати лица (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991.

Слични содржини