Актуелно
Почетна / Македонија / За задоволување на основните потреби, на просечно четиричлено семејство во март му биле потребни 32.941 денари

За задоволување на основните потреби, на просечно четиричлено семејство во март му биле потребни 32.941 денари

На просечно четиричлено семејство во март оваа година му биле неопходни најмалку 32.841 денар за задоволување на основните потреби, покажува минималната кошница на Сојузот на синдикати на Македонија.

Најмногу пари или 13.888 денари биле потребни за храна, за комунални трошоци и покуќнина најмалку 10.421 денар. Минимум 2.355 денари му биле неопходни на четиричлено семејство за средства за лична и хигиена во домот, додека за превоз 2.363 денари.

Потоа следуваат пари за: облека и обувки – 2.136 денари, културни активности – 1.066 денари и за здравје – 708 денари.

loading...