Забавата поради која Џонсон долго ќе го боли глава

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон се извини за присуството на забавата во градината на Даунинг стрит на 20 мај 2020 година, кога на Британците им беше забрането да се собираат како мерките на строги ограничувања поради коронавирусот.

На почетокот на неделната седница Џонсон рече дека присуствувал на забавата 25 минути пред да дојде на работа.

-Ова се случи додека Велика Британија беше во строг локдаун во борбата против ширењето на короната. Во тоа време, на луѓето во Англија им беше забрането да се среќаваат со повеќе луѓе на отворено, за што беа пропишани законски казни. За работните места, официјалните упатства беа дека состаноците во живо треба да се одржуваат само доколку тоа е „апсолутно неопходно“, пренесува CNN.

Џонсон одби да ги негира извештаите дека тој и неговата сопруга Кери Џонсон присуствувале на настанот. Тој рече дека нема да коментира повеќе, имајќи предвид дека истрагата за забавата на Даунинг стрит е во тек.

Доколку владин министер го прекрши министерскиот кодекс, се очекува да поднесе оставка.

Слични содржини