Заев: Благодарност до кралицата Елизабета за поддршката на интегративниот пат на С. Македонија

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер Зоран Заев изрази сочувство по повод смртта на британската кралица Елизабета Втора.

-Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година.

Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и полтички водства во времињата кои доаѓаат.

Почивајте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Северна Македонија, порача Заев.

 

Слични содржини