Заев и Николовски официјално се откажуваат од средствата за патни трошоци

од Берта Китинска

Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба, напиша на својот Фејсбук профил генералниот секретар  на СДСМ, Љупчо Николовски.

Николовски информира дека заедно со лидерот на пратијата официјално се откажуваат од средствата за патни трошоци.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци.Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“, напиша Николовски.

Слични содржини