Заев: Јане Велковски е симбол за мотивација и храброст

од Nikola Popovski

Имаме обврска да работиме за секое дете да биде среќно, да расте безгрижно, да се движи независно. Младиот Јане Велковски е пример дека со заедничка соработка и поддршка од семејството, државата и јавноста, можат да се изнајдат начини за вистински да им се олесни животот на луѓето со ретки болести, објави поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи.

Според него, Јане е симбол за мотивација и храброст и тоа го докажал многупати.

-Неговата приказна преку обраќањето во Обединетите Нации, преку глобалните кампањи и преку ова ТЕД видео ја слушна и светот. Јане, ти благодарам што со твојата позитивна енергија си инспирација за многу луѓе и се надевам на повторна дружба, стои во објавата на Заев.

11-годишниот Јане Велковски од Скопје, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА) е застапник за деца со попреченост од Македонија.

Слични содржини