Заев: Како шеф на опозицијата барав фингерпринт и сега не можам да бидам глув на барањето на актуелната опозиција

од Nikola Popovski

„Ќе направам се за да набавиме. Министерот за финансии реагираше. Конкретно, пари од буџетот има, а доколку е потребно повеќе постои и ребаланс. Дадовме писмено од страна на финансиите за да може претседателот на ДИК и целото ДИК веднаш да влезат во постапка на набавка на апаратите на фингерпринт, односно отпечаток на прст. Како шеф на опозицијата барав фингерпринт и сега не можам да бидам глув за барањето на сегашната опозиција“, истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој верува дека има современа европска технологија и дека тоа може брзо да се направи.

„Имаме јасни постапки во државата и апелирам ДИК брзо да влезе во таквата постапка. Тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес. што е многу важно. Врв на демократијата е гласањето“, рече Заев.

Слични содржини