Заев ќе го остави и последниот атом од својата енергија за граѓаните, вели Битиќи

од Nikola Popovski

Сум покажал дека целиот живот се борам да покажам дека е време да не зборуваме за Албанци, Македонци, Турци, туку за луѓе кои можат или не можат да придонесат за креирање на подобри политики, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“.

Тој појасни се разгледуваат сите опции за следниот премиер, кој ќе го предводи актуелното мнозинство.

-Следниот наследник на Заев треба да има поширока поддршка на целото раководство на СДСМ, затоа што тој се избира на непосредни избори. Ќе се најде човек. Има луѓе во партијата, кои вистински веруваат во социјал-демократските вредности. Знаејќи го Заев, тој е човек од збор и различно е од тоа што некој сака да го прикаже и сметам дека неговата оставка е дефинитивна. Сепак, тој ќе остане до последниот момент и последниот атом од неговата енергија, доколку е потребно за нашите граѓани, додава Битиќи.

Слични содржини