Заев на ракометарите им посака победа во дуелот со Шведска

од Берта Китинска

Ракометната репрезентација на Северна Македонија вечерва го има првиот настап на Светското ракометно првенство кое се одржува во Египет, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Ви посакуваме победа во дуелот со Шведска и голем успех на Мундијалот. Веруваме во вас и горди сме што ќе го пренесете македонскиот спортски дух на светско тло. Ќе ве бодриме од нашите домови и ќе ви бидеме поддршка во секој миг од натпреварите. Тоа нека ви биде мотив повеќе да дадете сѐ од себе и да нѐ направите уште погорди, напиш Заев.

Слични содржини