Заев: Најлесно е да кажеме не легализираме, но мора да се дадат одговорите за бесправните градби

од Берта Китинска

Остануваме како влада да бидеме респонзивност и да го слушаме гласот на народот. Законот и вака поставен нуди решенија за граѓаните кои немаат пари да ги легализираат објектите, вели денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Тој напомена дека треба да се донесе закон, бидејќи тогаш другите закон ќе почнат да се применуваат и со самото тоа инспекторите на терен ќе излезат и ќе рушат.

– Владата го овласти министерот за транспорт и врски да отвори јавна дебата со граѓанските организации и парламентарните групи и сите тие укажувања да бидат вградени..

Тој додаде дека даваат можност за оние кои имаат објект, што не е колективна зграда или дом за живеење, да го легализираат со плаќање на двојно поголема сума, отколку ако тоа се спровело по регуларна постапка.

– Државата треба да продолжи да ги решава проблемите на граѓаните. Најлесно е да кажеме не легализираме, но мора да се дадат  одговорите што со бесправните градби. Навистина се многу повеќе од 50 000 објекти, посочи Заев.

Тој спомена дека дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО.

Тој додаде дека соодветно на категорија прва градба, надлежно е  Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за категорија втора и други градби надлежни се самите општини.

– Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објакети, коишто не се вградени во самиот закон. Секако соодветно на тоа се однесува и на Охрид. Пи тоа да се знае, надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид, е дозволиво легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје, рече Заев.

Слични содржини