Заев: Национализмите немаат иднина, тоа е лажен патриотизам

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за емисијата „Топ тема“ изјави дека на крајот на денот тој разбира дека е лигитимно ДУИ водат ваква политичка кампања.

„Така одлучиле така е легитимно, треба да прифатат и ние дека имаме лигитимна кампања, навистина за мене граѓаните се граѓани сите, безразлика од која етиничка припадност е и сега ако е тешко тоа што таргетираме и граѓани од албанска етничка заедница нека ми извини господинот Ахмети но ова е иднината на државата, ние сме мултиетничко општество, ова е единствената коалција каде што стојат сите етнички заедници и тоа единство и сполотеност е гаранцијата за успехот во иднина, рече Заев.

Тој посочи дека ќе ги поразат сите национализми на овие избори.

„Национализмите немаат иднина, тоа е лажен патриотизам..тоа време заврши 21 век е, трета деценија тераме, светот отиде во вселената има 4 индустриска револуција, мора да го фатиме чекорот со модерниот свет“, вели Заев.

За случајот „Рекет“, Заев вели дека опозицијата реагира така заради тоа што тие се навикнати на такво нешто.

„До денеска се исти такви кои што знаат да заташкаа предмет. Јас го пријавив случајот! Јас го пријавив случајот сведоци ми се во најмала рака двајца луѓе државниот јавен обвинител Јовески и обвинителката за организиран криминал“, потврди Заев.

Слични содржини