Заев: Пристигнаа првите 4850 вакцини од ЕУ, како и првите дози од директните преговори со Фајзер

од Nikola Popovski

„Преку оваа испорака која е дел од поддршката на Австрија за Западен Балкан, пристигнаа првите 4850 дози од вкупно 19.890 вакцини за С. Македонија, што се предвидува да бидат испорачани во месец мај“, изјави премиерот Зоран Заев од арената „Борис Трајковски“, каде има прес-конференција по повод пристигнувањето на првите дози од ЕУ на вакцината од Фајзер.

Премиерот исто така соопшти дека денес добивме и 4850 вакцини преку директните преговори со Фајзер.

„Со редовните месечни количини, вкупните 119.213 вакцини од оваа компанија ќе бидат целосно испорачани до крајот на август. Со овие вакцини и целата останата количина што ја имаме, како и преку останатите договори и нарачки, влегуваме во широка и обемна имунизација“, додаде Заев, потенцирајќи дека покрај постојните масовни вакцинални пунктови во земјата, исти ќе бидат отворени и во Прилеп и Велес.

Слични содржини