Заев: Села и Мицкоски ќе дојдат на власт, но само ако заслужат од граѓаните

од Nikola Popovski

Немам дополнителен коментар на изјавите на Села. Само ќе прашам зошто. Должен е да каже зошто. Ако не каже тогаш тоа е желбата за пуста власт, вели денес премиерот Зоран Заев од Сарај, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе поднесе оставка од функцијата.

Тој потенцира дека Села и Мицкоски ќе дојдат на власт, но само ако заслужат од граѓаните.

-Зошто да поднесам оставка? За да дојдат Мицкоски и Села? Тие ја користат грозотијата на трагедијата. Болката е искрена кај сите нас. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Јасна е сликата кај нашиот народ и јасен е изборот, одговори Заев.

Тој уште еднаш повтори дека нашите модуларни ковид-болници се исти како во целиот свет.

-Тие се безбедни и им помогнаа на многу наши граѓани, вели премиерот.

Слични содржини