Заев со честитка до Бадјен и Харис: Им посакувам мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев упати честитка до ноовиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

-На претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис им го честитам стапувањето на должност и им посакувам мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат. Мандат во кој сум сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира.

Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, напиша Заев на Фејсбук.

Слични содржини