Заев со честитка и до граѓаните и до попишувачите: Успешен попис е гаранција за сигурна македонска иднина

од desk4
1 милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа.
Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години.
Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина.
Честитки до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика.
Ти си повеќе од бројка. Учествувај. Попиши се!, напиша Заев на својот фб профил.

До 15 часот, попишани се 1.000.034 лица.

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет.
-Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!

Слични содржини