Заев: Целта е нула проценти царина

од Nikola Popovski

„Нашата цел е нула проценти царина, да нема граница за нашите граѓани и за нашите камиони, изјави премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање на прес-конференција по Економскиот форум во Скопје.

Според него, во такви околности никој не може да каже во која било земја да се воведе нови царински тарифи, нови бариери, затоа што нашата цел е за сета роба да постои 100-процентно движење, без тарифи и слобода на капиталот.

„Поентата е како што македонскиот граѓанин го прави тоа дома, да го прави и во Саранда, Драч, Белград или Ниш. Заедно сите денес сме овде, за сите ние Срби, Македонци, Албанци да живеевме подобро и тоа е наша основна идеја, која се надевам дека оваа иницијатива ќе ја придонесе“, рече Заев.

Слични содржини