Заев: Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на државата

од Hristina Nikolovska

Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на државата. Со покачувањето на платите на просветните работници, нашите посветени наставници ќе дадат сериозен придонес за развојот на нашето општество. – порача Заев на својот Фб профил.

За 7 години претходната влада има покачено 850 денари, додека оваa влада за 2 години ги покачи платите во образованието за 2.100 денари, а следи и ново покачување за 10% во 2020 години.

Продолжуваме да ги решаваме сите предизвици низ дијалог. Платите ќе продолжат да растат, бидејќи се грижиме секое семејство да има услови за подобар живот, а младите да ни останат тука, дома. – дециден е Заев.

Слични содржини