Заев за аферата „ерменска врска“: Се уште се чекаат детали што се случило, тоа што беше во медиумите не е точно

од Nikola Popovski

Во министерството за правда нема стигнато се уште одредена постапка за да побараме екстрадиција на наш граѓанин. Ние како држава ги преземаме сите дејствија за да ги добиеме сите неопходни информации и верувам дека ќе биде така, информира премиерот Зоран Заев околу ситуацијата со двајцата македонски државјани, Миленкоски и Димитријевиќ, притворени по Интерпол потерница во Србија и Хрватска, кои треба да бидат предадени на Ерменија.

Премиерот објасни дека министерот за правда, Бојан Маричиќ разговарал со адвокатите на осомничените луѓе кои се во притвор.

-Се уште се чекаат информациите и детали што се случило. Тоа што беше во медиумите не е точно, се работи за друг случај, додаде Заев.

Ерменија од Србија го бара Миленковски за да му биде судено во врска со аферата кога македонски дипломати во 2019 помогнале од Ерменија да избега македонскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ, обвинет за измама.

Миленкоски е во екстрадициски притвор во Врање и преку писмо испратено до медиумите бара да му се суди во Македонија, а не во Ерменија каде е осомничен дека сторил кривичното дело илегално преминување на границата извршено од група по претходен договор.

Слични содржини