Загина „Лудиот Мајк“: Човекот што сакаше да докаже дека земјата е рамна плоча (вознемирувачко видео)

од Nikola Popovski

Мајк Хјуз, попознат како „Лудиот Мајк“, загина откако се урна ракетата, која ја направил сам. Со овој експеримент, Мајк се обиде да докаже дека Земјата е рамна плоча.

„Нашите мисли и молитви се насочени кон семејството и пријателите на Мајк Хјуз во време на овој тежок момент. Ова лансирање отсекогаш беше негов сон и Science Channel беше со него за да го сними патувањето“, се вели во изјавата на Science Channel, пренесува Си-Ен-Ен.

Наводно, Хјуз требаше да го изврши летот како дел од новата серија „Домашни астронаути“, објавија на веб-страницата на Science Channel.

Мајк Хјуз и Волдо Стejкс изградија ракета со пареа. Според нивниот план, ракетата требало да го крене Мајк на надморска височина од околу 1.530 метри (над 5.000 стапки) над пустината, во близина на градот Бастро, Калифорнија.

На видео снимката, направена од набљудувачите на експериментот, се гледа лансирањето на ракетата, по што падобранот не се отвора и смртоносниот пад на Мајк Хјуз.

Слични содржини