Захариева: Нека не се откажува С. Македонија по првата препрека, и ние го изодивме тој пат до ЕУ

„Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка на Европската унија“, ова за БТ го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по повод се уште отворените прашања со Република Северна Македонија кои се на дневен ред.

-РС Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија не смета дека е подготвена, додаде Захариева.

Бугарија продолжува да биде поддржувач на проширувањето на членството во ЕУ и тука не станува збор за стегање раце, посочи таа. Според Захариева, властите во Скопје многу погрешно се потпираат на Бугарија, за таа да биде „притисната“ и да ја смени својата позиција.

Вицепремиерката ја советуваше С. Македонија да не се откажува од првата тешкотија со која се соочуваат на патот – одобрувањето на Рамката за преговори.

-Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. И Бугарија тргна по таков пат, додаде Захариева.

„Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и ќе почнете да размислувате помалку емотивно, кога ќе престанете да се држите до градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш тие ќе добијат многу повеќе“, истакна Захариева и нагласи дека не можете да изгубите од вистината.

Екатерина Захариева рече дека ќе оди во парламентот и ќе одговара на пратенички прашања во врска со РС Македонија, откако минатиот петок нејзиното учество во парламентарната контрола беше одложено заради патување надвор од земјата.

Слични содржини