Закажана конференцијата на тема „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање на спорови“

За денес во 11 часот е закажана онлајн конференциата на тема „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање на спорови“ во организација на Институтот за европска политика.

На оваа конференција ќе бидат претставени активностите и резултатите што треба да се постигнат со проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација.

Инаку, овој проект е финансиран од страна на амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Слични содржини