Започна полнењето на смарт картичките со податоци од гласачите

од Берта Китинска

Државната изборна комисија денеска прими уште повеќе од илјада од овие терминали, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите.

-Со денешнава пратка очекуваме да пристигнат уште околу илјада уреди за биометриска идентификација на граѓаните и со тоа ќе ги имаме над половина од потребните уреди, а до крајот на неделата ќе пристигнат сите, уште две пратки на секои два дена. Во моментот во ДИК трае полнењето на смарт картичките кое треба да заврши денеска и попладне треба да почне полнењето на апаратите бидејќи имаме доволно време. Полнењето ќе заврши некаде до 11 октомври, рече Даштевски.

Слични содржини