Започна реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров

од Берта Китинска

Започна реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба.

-Со реконструкцијата ќе се обнови коловозот на булеварот Киро Глигоров од мостот Близнак до крстосница со улица Перо Наков.Исто така, многу важно е да се напомени дека Град Скопје во Општина Гази Баба решава уште еден од никогаш нерешените проблеми, односно за конечно да се развива општината по булеварот Киро Глигоров се поставува фекална канализација, што ќе биде првата канализација што директно ќе се влева во колекторскиот систем, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини