Започна сезоната на Риби: За овие три хороскопски знаци ќе биде посебна

За време на поголемиот дел од сезоната на Риби, нашата среќа ќе биде пореметена од ретроградниот Меркур, но поради тоа не треба да очајувате. Тоа посебно важи за овие три хороскопски знаци, на кои ѕвездите ќе им се насмевнат.

1. Рак

Животот има чудни патишта, па не можете да негирате дека во претходниот период имавте многу предизвици. Поминавте долг пат и тоа се гледа, но сега ви се враќа енергијата и повторно имате желба за кација и учење. Доколку размислувавте а се впуштите во нешто ново, сега е вистинско време за тоа, бидејќи ќе имате многу инспирација. Од друга страна, поради ретроградниот Меркур треба да бидете внимателни – не потпишувајте договори пред детално да ги прочитате. Социјалниот живот ќе ви процвета и ќе имате многу пријатни разговори.

2. Скорпија

Вашето изразување е единствено. Доколку долго чувавте во себе во сезоната на Водолијата, сезоната на Риби ќе ви биде период на ваше отварање. Во овој период ќе имате прилика да запознаете некој кој ќе ве инспирира и во кој би можеле да се заљубите, а поради влијанието на ретроградниот Меркур може да се случи да ви се појави некоја личност од минатото. Завршете со неа и продолжете понатаму. Не вртете се назад, туку храбро продолжете напред.

3. Риби

Вашата сезона конечно пристигна и вие веќе ја чувствувате маѓијата. Меркур ќе биде ретрограден во вашиот знак до 9 март, додека не се врати во Водолија, но не треба да се грижите а него, туку да го извлечете најдоброто од тоа. Присетете се на работите и преспијте ги за да се освестите што треба да смените. Во овој период ќе покажете колку сте посветени кон партнерот и така ќе ја зајакнете својата љубовна врска и односите со другите личности. Вашата комуникација ќе дојде до израз, па искористете го овој налет во своја корист. Откријте ја убавината која постои околу вас и чека да ја зграпчите.

Слични содржини