Ако има нешто што може да го намали чувството за осаменост, тоа е миленикот, на пример мачката. Мачките се исто така и исцелители кои со милениуми се радуваат на почитта на човекот. За да ве убедиме дека е добро да имате во опкружувањето мачка, споделуваме некои неспорни здравствени придобивки од соживотот со мачка.57764c1a8d4cea0713fb242dd30337a2

Мачката може да биде здрава терапија
Нема сомнение дека предењето на мачката го намалува нивото на стрес и делува смирувачки . Но, се покажа дека може да има и други лековити способности. Овие звуци доаѓаат во рамките на медицинскиот терапевтски фреквентен опсег – 25-150 Hz, што ги прави лековити агенти за коските.
Придобивките не се ограничуваат само до тоа. Предењето може да помогне за ублажување на болката, го намалува отокот околу зглобовите, исто и за обновување на мускулите и тетивите.

Го зголемува имунитетот
Ако мислите дека децата не треба да растат заедно со милениче мачка – грешите. Тоа може да помогне за зајакнување на имунитетот на малите. Соживотот со мачка го намалува ризикот од развој на алергии и проблеми со дишните патишта во една подоцнежна фаза од животот.
Утврдено е дека децата кои растат со домашни миленици се релативно поздрави од оние кои немаат такви. Идејата е дека нивната изложеност на алергени во првите нивни години, помага да го развијат потребниот имунитет.

Го подобрува расположението
Времето поминато со мачки помага за зголемување на расположението. Ако се чувствувате не во форма, сте имале напорен ден во работата, едноставно поиграјте си неколку минути со мачката или гушнете ја. Овој контакт ќе помогне за ослободување на серотонин и вие ќе се чувствувате значително подобро.8642c951798f2c4afcdcb4852b19e019

Се намалува стресот
Една од најголемите придобивки од соживотот со мачка е дека контактот со миленичето ни помага да го намалиме нивото на хормонот на стресот кортизол. Стресот е најголемиот непријател на доброто ментално и физичко здравје . Затоа елиминирајте го со галење мачка.

Помага при аутизам
Аутизмот се карактеризира со тешкотии во социјалната интеракција и комуникација. Соживотот на пациент со аутизам со мачка всушност може да помогне за подобрување на комуникациските вештини. Во некои случаи мачките се алатка за терапија на деца со аутизам.

Го намалува холестеролот
Општо познато е дека високите нивоа на холестерол во телото ни се причина за појава на здравствени проблеми како мозочен удар и инфаркт. Добрата вест е дека одгледувањето на мачка во домот, помага за намалување на високите вредности.
И не на последно место, мачката може да ни помогне да живееме подолго.

Слични содржини