Зеленска: Невозможно е да се ракуваш со оние кои ги убиле твоите роднини и соседи

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена, изјави дека Украина ќе биде задоволна само со мирот кој ќе произлезе од победата на Киев.

„Невозможно е да се ракуваш со оние кои ги убиле твоите роднини и соседи. Не можеш да седнеш на преговарачка маса со убиец кој не се кае“, изјави сопругата на Володимир Зеленски за јужнокорејската агенција „Јонхап“.

Таа додаде дека Русија мора да одговара за злосторствата извршени во Украина.

Слични содржини