Зеленски како добра реклама: Брендот на облека во кој се појавува доживеа огромен успех

од Stefanija Kuzmanovska

Од почетокот на конфликтот, украинскиот претседател Владимир Зеленски најчесто се појавува во јавноста во сега веќе препознатливата маслинесто зелена облека.

Вака е облечен дури и кога се среќава со претставници на други земји или кога ги посетува.

Пред неколку дена „Форбс“ откри дека Зеленски, со самото тоа што го носи, го промовира украинскиот бренд за облека M-TAC, кој вообичаено произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје и воена и тактичка облека и чевли, а покрај Зеленски, тој бренд го носат и врховен командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Иако конфликтот меѓу Русија и Украина уништи бројни компании и корпорации, главно мали и средни претприемачи, тој беше многу плоден за M-TAC, бидејќи неговата продажба се зголеми за три пати од февруари.

Производството во Киев е проширено, отворена е и компанија во Лавов, вработени се уште 750 шивачки кои работат во три смени, а според финансиските прогнози на експертите годишниот приход би требало да биде околу 150 милиони евра.

Слични содржини