Зеленски ќе се борел против Русија и без САД доколку Трамп дојде на власт

од Vladimir Zorba

Доколку Доналд Трамп дојде на власт во САД и Вашингтон го промени ставот за војната во Украина, Киев ќе продолжи да се бори против Русија без американска поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Ќе биде тешко ако САД ја сменат својата позиција. Ако Конгресот и Белата куќа ја сменат својата политика, ќе кажам, добро, ќе се бориме без вас, коментираше Зеленски за изгледите во случај Трамп да биде избран за претседател на САД.

Според украинскиот претседател, ставовите на одделни членови на Републиканската партија претставуваат опасност за Киев. Зеленски, исто така, истакна дека нема да ги поддржува луѓето кои сакаат да го запрат воениот конфликт „по секоја цена“.

Слични содржини