Зеленски објасни како ќе ги порази Русите

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Старото зло што го донесе модерна Русија ќе биде победено на ист начин како што беше поразен нацизмот“, рече Зеленски по повод победата на сојузниците над нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна.

„Како што тогаш заедно уништувавме зло, така и сега заедно уништуваме слично зло. Ова зло, иако денес е различно, има иста цел: поробување или уништување“, рече Зеленски.

Зеленски го сними говорот пред големата воена парада во Москва, на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

„Ќе победиме!“, порача Зеленски пред меморијалниот комплекс на Втората светска војна во Киев.

Слични содржини