Зеленски од Хаг: Путин мора да биде изведен пред лицето на правдата

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин мора да биде изведен пред лицето на правдата поради војната во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски за време на неговата посета на Хаг, каде што е седиштето на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во март МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение за депортација на деца од Украина, а Европската комисија објави дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за процесуирање на злосторствата за агресија во Украина.

„Сите сакаме да го видиме Владимир овде“

„Сите сакаме да видиме еден поинаков Владимир овде во Хаг, оној кој заслужува да биде санкциониран за неговите криминални дејствија овде, во главниот град на меѓународното право“, рече Зеленски во својот говор, мислејќи на Путин.

„Сигурен сум дека ќе го доживееме тоа кога ќе победиме“, рече тој за време на неговата прва официјална посета на Холандија. „Кој и да ја води војната мора да биде осуден“, нагласи тој.

Слични содржини