Зеленски се сретна со Столтенберг во Давос, откриено за што разговарале

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, за ситуацијата на фронтот со Русија, како и за одбранбените потреби на Украина.

„Го информирав генералниот секретар за неодамнешните масовни воздушни напади на Русија и ја истакнав потребата од дополнително зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина“, напиша Зеленски на платформата Х.

Тој додаде дека во разговорот била истакната важноста на безбедносниот договор меѓу Обединетото Кралство и Украина, кој се базира на Декларацијата на Г7 од Вилнус.

Слични содржини